Премиер лигата објави 16 заразени минатата седмица

132

Раководството на Премиер лигата денеска објави дека во текот на изминатата недела од 3006 тестирани лига во рамките на клубовите, официјалните лица и се поврзано со натпреварите, забележани се 16 позитивни на Ковид 19.

Се работи за периодот од 16. до 22. август. По првото одиграно коло имаше 12 позитивни, додека по второт уште четири. Премиер лигата одлучи на секој две недели да ги објавува бројките за заразени, се додека истите се во некоја нормала како во моментов.

Еден од позитивните беше и играчот на Челзи, Кристијан Пулишиќ кој го пропушти последниот меч на неговиот тим.

 

ПретходноВардар утре без засилувањата, регистриран и Горан Попов!?
СледноЏака и официјално во Арсенал до 2024 година