Навивачите на поранешниот англиски премиерлигаш Олдам Атлетик денеска уште еднаш покажаа дека не се задоволни како сопствениците на клубот го водат истиот веќе подолго време.
Олдам Атлетик некогаш беше член на елитната Премиер лига, а сега се натпреварува во најниската професионална лига во Англија, Лига 2, што е четврти ранг на натпреварување.
Навивачите својата фрустрација ја изразија за време на натпреварот од второто коло во Лига купот на Англија против Акрингтон. Имено, домашните навивачи во знак на протест го покриа стадионот „Бундари парк“ со тениски топчиња.
Фановите беа незадоволни и минатата сезона кога раководството на клубот неочекувано го смени поранешниот австралиски репрезентативец и поранешен фудбалер на Лидс и Ливерпул, Хари Кјуел. Во 2019 година, легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, исто така, го предводеше тимот кратко време.
Оваа сезона на кормилото е поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и повремено англиски репрезентативец Кеит Курл.
🚨⚽️ | NEW: Oldham Athletic players are throwing the tennis balls and flares back at the fans so the match can be started.pic.twitter.com/bneVjh7W1R
— Football For All (@FootballlForAll) August 24, 2021
Tennis balls and flares have been thrown onto the pitch at Boundary Park as Oldham Athletic fans protest against the club’s ownership 😮 pic.twitter.com/D9ADuou4XE
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 24, 2021