Ремс во проблеми: Се бараат премногу новинарски акредитации за дебито на Меси!

319

И дефинивно Лео Меси во недела ќе го има своето деби во дресот на ПСЖ. И тоа на гостувањето кај Ремс. Секако дека домаќинот ќе ги продаде сите билети и капацитетот на стадионот ќе биде премал за да ги собере сите оние кои сакаат да го видат Лео на терен.

Сепак раководството на Ремс се соочува и со други проблеми. Имено засега до канцеларијата стигнале дури 122 барања за новинарски акредитации. Едноставно сите сакаат да бидат дел од спектаклот.

Претходно рекордот за новинарски акредитации на стадионот “Аугуст Делон“ го држеше исто ПСЖ, и тоа кога гостуваше со тимот во кој беше Дејвид Бекам. Тогаш бројката беше 113 барања.

ПретходноДве промени во однос на Љубљана, Николиќ ги одреди одбојкарите за Тампере
СледноЌе биде ли Адеми на него: Милевски утре го објавува списокот!