Во септември продолжуваат квалификациите за СП 2022, а Македонија ќе ги одмери силите со Ерменија на 2 септември, со Исланд на 5 септември и Романија на 8 септември. Со Романците играме во Скопје исто како и со Ерменија, додека со Исланд во гости.
Романците го објавија списокот на играчи за дуелот во Скопје, а селекторот Мирел Радои одбра 26 фудбалери од кои 11 се од домашното првенство. Има многу играчи од странските првенства, а шест се дебитанти: Мариан Ајоани и Виргил Гица од Фарул Костанца, Андреј Рациу од шпанска Уеска, Андреј Кордеа од ФЦСБ, Мариуш Марин од италијанскиот Пиза и Јован Марковиќ од Универзитатеа Крајова.
Марковиќ е роден во Белград, а од дете настапува за Универзитатеа, а дебитираше за А тимот во 2017 година додека минатата сезона ја помина во Академика Клинчени.
Романија пред мечот со Македонија ќе игра со Исланд во гости, а потоа е домаќин на Лихтенштајн.
Во групата Романија освои три бода досега по онаа победа над Македонија со 3:2 во Букурешт во 1. коло. Потоа ги загуби дуелите со Германија и со Ерменија.
СОСТАВОТ НА РОМАНИЈА
ГОЛМАНИ: Мариан Ајоани (Фарул), Флорин Ница (Спарта), Андреј Влад (ФЦСБ)
ОДБРАНА: Марио Камора (Клуж), Влад Кирикеш (Сасуоло), Виргил Гица (Фарул), Кристијан Манеа (Клуж), Јонуц Неделсеару (Кротоне), Андреј Рациу (Уеска), Адријан Рус (Фехервар), Алин Тошка (Газијантеп)
СРЕДЕН РЕД: Александру Кикалдау (Галатасарај), Андреј Кордеа (ФЦСБ), Јанис Хаџи (Глазгов Ренџерс), Денис Ман (Парма), Мариус Марин (Пиза), Разван Марин (Каљари), Драгош Неделку (Фортуна Дизелдорф), Дариус Олару (ФЦСБ), Дорин Ротариу (Лудогорец), Дејан Сореску (Динамо Букурешт), Николае Станчиу (Славија Прага), Флорин Танасе (ФЦСБ)
НАПАД: Денис Алибек (Клуж), Денис Драгуш (Стандард Лиеж), Јован Марковиќ (Универзитатеа Крајова)