Ќе биде ли Адеми на него: Милевски утре го објавува списокот!

473

Како што и најавивме, утре точно на пладне, со прес – конференција, новиот селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ќе го објави списокот на играчи на кои ќе смета во претстојниот септемвриски квалификациски циклус. Познато е дека играме дома со Ерменија и Романија, а и гостуваме на селекцијата на Исланд во квалификациите за СП во Катар 2022 година.

На списокот ќе бидат Серафимов, Ашковски, потоа повратникот Јаховиќ…, сепак дилемата е дали и Аријан Адеми, веројатно нашиот најдобар фудбалер ќе се најде на него.

Тој е повреден, утре во реванш средбата од плеј – офот во ЛШ против Шериф, тој нема да биде стартер за Динамо Загреб.

Значи не е целосно фит.

ПретходноРемс во проблеми: Се бараат премногу новинарски акредитации за дебито на Меси!
СледноРоманците со 11 „домашни“ играчи, шест дебитанти и Србин во нападот!