Екипата на Феникс го подготвува ростерот за новата сезона во која ќе го „вкуси“ прволигашкото искуство. Овој тим е еден од двата дебитанти кои ќе ги видите во најсилното клупско мак-првенство.
Феникс потпиша Американец. Станува збор за Двејн Морган, овој кошаркар има 25 години и игра на позицијата крилен-центар. Минатата сезона настапувал во унгарскиот шампионат за тимот на Лионс и имал просек од 7,9 поени, 4,4 скока и 0,6 асистенции.