Доцна синоќа Интер заврши звучен трансфер за 15 милиони евра

3994

По заминувањето на Ромелу Лукаку челниците на Интер тргнаа во потрага по засилување во нападот, а се чини еден дел завршија.

Во игра беа неколку имиња, на крајот изборот падна на Андреа Белоти, долгогодишен напаѓач на Торино и еден од најдобрите стрелци во Серија А во последните неколку години. Своевремено тој беше проценуван и на 100 милиони евра.

Преговорите меѓу Интер и Торино почнаа во понеделникот, а завршија доцна синоќа, тој ќе дојде за 15 милиони евра.

27-годишниот фудбалер до сега во Серија А има постигнато 99 гола, во првото коло беше стрелец протива Аталанта.

ПретходноМбапе ги шокираше во ПСЖ
СледноЛапорта одржал состанок со Умтити, па останал без зборови