Големо засилување за Ренова. Денеска клубот и официјално објави дека Шефит Шефити и натаму ќе го носи дресот на “гипсарите“. Со него е потпишан едногодишен договор. Имено на напаѓачот 1,5 годишниот договор со Ренова му истече во јуни, за него имаше повеќе опции, сепак тој ја прифати понудата на “гипсарите“ и потпиша нов договор.
Дознаваме дека Ренова има намера до крајот на летниот преоден рок да се засили барем со уште едно ново име.