Румениге: Кој може да си го дозволи Роналдо? УЕФА мора да превземе нешто!

766

Поранешниот извршнен директор на Баерн и легендата на светскиот фудбал, Карл-Хајнц Румениге ја коментираше ситуацијата која денеска владее во спортот и и ја повика УЕФА да воспостави ред, бидејќи фудбалот ќе се соочи со тешки моменти.

Румениге направи анализа на ситуацијата на пазарот и разликите меѓу клубовите, го наведе Кристијано Роналдо како пример. Се верува дека португалскиот напаѓач сака да го напушти Јувентус и да направи трансфер, а Румениге предупредува:

„Најголем проблем е неговата плата. Тој заработува 35 милиони евра годишно за што е потребно да се издвојат 70 милиони евра бруто. Кој може тоа да си го дозволи? ПСЖ? Можеби некој од англиските тимови? Ова е не здрав начин за напредок, УЕФА мора да превземе мерки и да направи нешто.

ПретходноНавивачите на Арсенал го „блокираа“ автомобилот на Артета по поразот од Челзи (ВИДЕО)
СледноАмериканец во редовите на новиот прволигаш Феникс