УЕФА ги наградува хероите кои му го спасија животот на Ериксен

147

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен на мечот меѓу Данска и Финска на ЕП 2020 доживеа срцев удар, а херојската реакција на капитенот на Данците, Симон Кјаер, како и на лекарите, го спасија неговиот живот.

Личностите кои учествуваа во спасувањето на животот на Ериксен на тој меч ќе добијат посебно признание од европската куќа на фудбалот (УЕФА).

Покрај капитенот Симон Кјаер, награда ќе добијат Могенс Кројцфелд (главен лекар), Фредерик Фленстед (дежурен лекар на стадионот), Андерс Босен (лекар на теренот) и Петер Ерсгард (болничар), како и дежурните лекари на УЕФА, Јенс Клајнефелд и Валентин Великов, односно лекарскиот тим на данската селекција Мортен Скјолдагер и Мортен Босен.

Овие личности ќе ја добијат Президент наградата од УЕФА. Таа се доделува од 1998 година. Минатата година неа ја доби Дидие Дрогба.

ПретходноЛацио продава дури 18 фудбалери
СледноОд многуте понуди Максимовиќ реши да му биде соиграч на Пандев