Формула 1 објави воспоставување нова награда која ќе отиде во рацете на пилотот кој во една сезона ќе има најмногу претекнувања.
Пехарот за освојувачот во оваа категорија е во организација на Ф1 и Crypto.com, и ќе му биде доделен на победникот на крајот на сезоната.
„Оваа награда, прва од ваков вид, е дизајнирана да ја прослави храброста што ја покажуваат возачите во смели маневри за да успеат да се пробијат до врвот“, се вели во соопштението од Формула 1.
Според проценките на Ф-1, во моментов, пред почетокот на трката за ГН на Белгија, лидер по бројот на претекнувања оваа сезона е пилотот на Астон Мартин, Себастијан Фетел.