Јунајтед го дава Лингард за Деклан Рајс

410

Раководството на Манчестер Јунајтед на секој начин се обидува да го искористи интересот на тимот на Вест Хем за Џеси Лингард . Според Дејли Мирор, „Црвените ѓаволи“ понудиле да го вклучат крилниот напаѓач во договорот за играчот од средниот ред на „Чеканите“, Деклан Рајс . Капитенот на Вест Хем веќе неколку сезони е поврзуван со трансфер на Олд Трафорд.

Лингард, пак, одлично одигра изминатиот период кога бепе позајмен токму во Вест Хем и забележа девет гола и пет асистенции. Поради оваа причина, 28-годишниот фудбалер стана главна трансфер цел на Дејвид Мојс за ова лето. Првично, Манчестер Јунајтед побара 30 милиони фунти за него, но минатата недела се појавија информации дека „црвените ѓаволи“ ја намалиле цената за околу 10 милиони. Сега на „Олд Трафорд“ имаат друга идеја.

 

 

ПретходноДијамантот во тимот на колото во Серија А!
СледноТрагедија: Млад српски фудбалер почина при удар во карпа во Охридското езеро!