Клубовите во англиската Премиер-лига одлучија да им забранат на своите играчи да се појават на репрезентативниот собир доколку мораат да патуваат во земјите кои се наоѓаат во црвената зона Ковид-19. Неколку часа подоцна, истото го стори и Ла Лига.
На оваа „црна“ листа се најдоа земји како Аргентина, Бразил, Мексико, Турција, Египет….Одлуката се однесува на речиси 60 фудбалери кои настапуваат во 19 од 20 премиер-лигашки тимови.
Сите 20 клубови оваа одлука ја донесоа поради меките во Велика Британија за Ковид-19, патниците од овие земји ќе мора да минат 10 дена во изолација.
На почетокот на идниот месец ќе се одиграат квалификациски мечеви за СП 2022 во Катар. Се уште не е јасно дали ФИФА ќе превземе мерки против клубовите кои одбиваат да ги пуштат играчите.