Вујовиќ: Победникот ќе биде решен после 120. минути

210

Вардар 1961 утре е домаќин на првата четвртфинална средба во СЕХА-лига за пласман на фајнл-фор завршницата која ќе се одржи во Задар. Добро е познато на патот кохн Ф4 стои тимот на ППД Загреб.

Македонскиот првак зад себе го има убедливиот пораз во финалето на „Хумел Купот“ од Магдебург, додека хрватскиот тим може да се пофали со одлични резултатите во подготвките.

Сепак ништо од ова нема да значи на теренот, за добар резултат избраниците на Веселин Вујовиќ ќе треба да одиграат максимално, мотив ќе имаат, на трибините ќе имаат поддршка од фановите.

„Ова е најизедначената двојка во четвртфиналето. Мечот ќе биде интересен, а победникот ќе биде решен после 120 минути, нема ништо да биде познато по еден натпревар. Загреб доаѓа во одлична форма, ние полека ја креваме формата. Среќен сум што ќе имаме поддршка од трибините.

Не размислувам за победа, пораз или колку голови ни е потребно, мора да одиграме одличен натпревар за да дојдеме до фајнл-форот“, изјави Веселин Вујовиќ на ден пред мечот.

ПретходноВМФЛ – ЗАПАД: Вардар, Воска, Силекс…, стартува лигата која гарантира квалитет и неизвесност!
СледноВМФЛ – ИСТОК: На стартот дербито во Прилеп, Победа го дочекува Кит Го