Пелистер ја продолжи соработката со Малешевиќ

100

Екипата на Пелистер ќе задржи уште еден играч од минатата сезона. Раководството на битолчани ќе потпишат нов договор со српскиот интернационалец Никола Малешевиќ, кој е четвртиот странец по Кесар, Чиз и Хотон.

Тој беше еден од најдобрите поединци во редовите на Пелистер, имаше просек од 17,6 поени и 6,1 скока на 28 одиграни мечеви.

Битолчани градат тим кој ќе биде респектабилен не само за освојување на титулите во домашниот шампионат, туку и за АБА 2-лига.

ПретходноВМФЛ – ИСТОК: На стартот дербито во Прилеп, Победа го дочекува Кит Го
СледноТомовски: Одиме на победа на двата меча и заверка на Ф4 во Задар