Порака до Перез: Или плати за Мбапе или играј со голф играчот!

634

Членот на кралското семејство на Катар, кое е сопственик на ПСЖ, Калифа бин Хамад бин Калифа Ал Тани, кој во последно време е многу популарен на социјалните мрежи, имаше посебна порака до Флорентино Перез околу трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Тој ја изнесе информацијата дека Реал Мадрид понудил 160 милиони евра за Мбапе, но дека тоа биле премалку пари за да ПСЖ го продаде својот напаѓач.

Воедно тоа во денешната изјава го кажа и спортскиот директор на “светците“ Леонардо, кој ги обвини “кралевите“ за нечисти игри.

Па така по се ова, Ал Тани на своите социјални мрежи му порача на Перез…

Или плати за Мбапе или играј со твојот голф играч“, се разбира дека мислеше на Герет Бејл. Како оваа сапуница ќе заврши ќе видиме најдоца до 31 август кога истекува летниот преоден рок.

Инаку не е тајна дека “светците“ бараат 200 милиони евра за Мбапе.

ПретходноАтлетико го потврди Куња, а Симеоне досега „потрошил“ 1 милијарда на трансфери!
СледноДополнителен повик за Јани Атанасов во А-репрезентацијата!