Столе е на чело на листата по бројот на одбрани во Ла Лига

177

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски брани во одлична форма, па по само две кола во Ла Лига е број еден по одбранети удари, односно е единствениот кој има двоцифрен број на одбрани – 12.

Голманот на Рајо Ваљекано во двата досегашни мечеви прими четири гола, но два од нив од пенали против Севиља и Реал Сосиедад, а прими само два гола од игра од вкупно 14 шута кон неговиот гол.

Сисиедад ги загуби двата натпревари, а Столе имаше одличен настап против Севиља откога влезе на местото на Лука Зидан. Само на мечот со Сосиедад пред неколку денови имаше седум одбрани.

Зад него е голманот на Селта Матијас Дитуро, а третото место го делат Ескандел од Гранада и Џеремаја Ледесма од Кадиз со по 8 одбрани.

ПретходноПрвпат по 1997 година на УС Опен ќе ги нема Серена, Федерер и Надал
СледноЛШ ПЛЕЈ ОФ: Динамо Загреб сонува за реприза од август 2012 година