Баер Леверкузен изгуби доста време но успеа да ја најде замената на Леон Бејли кој замина во Астон Вила ова лето. По долго талкање Баер успеа да го пикира наследникот на Бејли, а тоа е крилниот фудбалер на Тулуз Амин Адли. Договорот на Французинот со Тулуз е до јуни 2022 година, а Баер за него ќе плати 15 милиони евра со вклучени бонуси.
Тулуз ја прифатил сумата, останува уште Баер да се договори со фудбалерот околу примањата за што не би требало да има проблем.
Адли би бил седмо засилување за Леверкузен ова лето. Претходно на „Бај арена“ дојдоа Косону од Бриж, Мичел Бакер од ПСЖ, Роберт Андрих од Унион Берлин, Пјеро Хикапи од Таљерес, Зидан Сертдемир од Нордсјеланд и Андреј Лунев од Зенит.