Англиските клубови спречија речиси 60 играчи да одат на репрезентативен собир

248

Клубовите во англиската Премиер-лига одлучија да им забранат на своите играчи да се појават на репрезентативниот собир доколку мораат да патуваат во земјите кои се наоѓаат во црвената зона Ковид-19. Неколку часа подоцна, истото го стори и Ла Лига.

На оваа „црна“ листа се најдоа земји како Аргентина, Бразил, Мексико, Турција, Египет….Одлуката се однесува на речиси 60 фудбалери кои настапуваат во 19 од 20 премиер-лигашки тимови.

Сите 20 клубови оваа одлука ја донесоа поради меките во Велика Британија за Ковид-19, патниците од овие земји ќе мора да минат 10 дена во изолација.

Наскоро се очекува истиот потег да го направи и Серија А, како и другите англиски клубови. Засега Македонија не е во црвената зона, барем во Шпанија и Италија, единствена земја која не врати на оваа листа е Германија.
ПретходноЧолаковски и Божиновски слетаа во Скопје (ФОТО)
СледноВМФЛ – ЗАПАД: Вардар, Воска, Силекс…, стартува лигата која гарантира квалитет и неизвесност!