Арсенал се „повампири“: Шест гола против ВБА, нешто што не се случило од 2017-тата

353

Лондонски Арсенал по двата стартни порази во Премиер лигата оваа сезона, славеше убедливо со 6:0 на гостувањето кај ВБА во меч од 2. коло во Лига Купот.

Момците на Микаел Артета уште на стартот на дуелот покажаа дека се многу мотивирани да го поправат впечатокот од стартот на сезоната, па со двата гола на Обамејанг и еден на Пепе водеа со 3:0 уште по првиот дел на мечот.

Во второто полувреме Сака, Обамејанг и Лаказет погодија повторно за конечни 0:6. Интересно е што ова е прва официјална средба на која „топчиите“ постигнале 6 гола од 7 декември 2017 година кога го совладаа со истиот резултат Бате Борисов во групната фаза од Лигата на Европа, но тогаш како домаќини.

ПретходноЛШ: Трета среќа за Шериф Т., Салцбург седма година по ред во групите (ВИДЕО)
СледноДржавата и даде стан за освоен медал на ЛОИ во Токио, таа му го подари на тренерот!