Германскиот шампион Баерн (М) со убедливи 12:0 го совлада нисколигашот Бремер и го потврди својот настап во 2. коло од германскиот фудбалски куп.
Јулијан Нагелсман мечот го почна со најголемиот дел од резервистите, а тоа им одеше во прилог на Чупо-Мотинг и Мусиала кои се изнадаваа голови. И покрај тоталната доминација и одличната ефикасност, овој состав на Нагелсман не успеа да го собори рекордот за најубедлива победа во историјата на клубот.
Имено, овој триумф вечерва е втора најубедлива победа во клупската историја на баварците, по оние 16:1 исто така во Купот на Германија оставрени над Валдберг во 1998 година.