По само четири одиграни кола во тимот на Брегалница првите „претумбации“ во таборот на Брегалница.
Бугарсккиот интернационалец Иван Минче си замина од Штип и повеќе не е дел од екипата на Брегалница. Дали управата односно стручниот штаб не е задоволен од неговите игри во изминатите мечеви или пак самиот Минчев побарал да си замине ќе мора да одговори некој до таборот на „сините“.
Едно е сигурно дека, големото засилување на тимот на Брегалница, кое беше најавувано како име кое во нашата лига ќе биде еден од најдобрите играчи за врска очигледно дека беше со краток рок на траење.
Брегалница има проблеми на стартот од шампионатот на резултатски план, сеуште нема победа, а следното коло го игра дербито против Академија Пандев на домашен терен.