И Саутемптон испиша историја: Најубедлива гостинска победа во 135 годишното постоење

266

И Саутемптон вечерва испиша историја. „Светците“ во натпревар од 2. коло на Лига Купот на Англија славеа на гостувањето кај екипата на Њупорт Каунти со 8:0 со што го соборија клупскиот рекорд за најубедлива победа на гостински терен.

Историјата не памети ваков гостински настап на Саутемптон. Досега во клупските анали беа запишани дури 4 рекордни победи од по 6:0, но ниту една на која Саутемптон постигнал 8 гола како гостин.

ПретходноМладиот репрезентативец Хајдари е позитивен на Ковид-19
СледноЛШ: Трета среќа за Шериф Т., Салцбург седма година по ред во групите (ВИДЕО)