Своевремено легендарниот голман на репрезентацијата на Парагвај, Хозе Луис Чилаверт беше познат по постигнувањето на голови од слободен удар. Неговото време одамна мина но има свој наследник во третата романска лига.
Богдан Цауца, голманот на СР Брашов кој постигна евро гол во куп дуелот со локалниот ривал ФК Брашов.
Се играше 86. минута кога при резултат 0:0, Цауца замина да изведе слободен удар од околу дваесетина метри и перфектно погоди за водство и огромна радост.
Овие два клуба се ривали по фактот што и обата клуба се нарекуваат себеси наследници на некогашниот прволигаш Брашов, а едниот клуб е настанат по иницијатива на навивачите, а другиот по административен пат и од политички мотиви според медиумите во оваа земја.
BREAKING | The goal of the year was just scored in the Romanian cup!
Brasov derby in the cup. SR Brasov (3rd tier) keeper Bogdan Căucă comes up in the 86th minute to take a free-kick and SCORES a beauty to put his team past Steagul Renaște Brașov (2nd tier).
Fairytale football. pic.twitter.com/A6bM4GpNq0— Emanuel Roşu (@Emishor) August 24, 2021