Милан Ристовски одново “бомбардира“ за Спартак Трнава!

501

Милан Ристовски, еден од нашите најдобри млади напаѓачи едноставно не знае за доста кога станува збор за головите во дресот на Спартак Трнава. Така и попладнево, во 1.коло во Купот на Словачка, нашиот напаѓач, кој се најде и на списокот на Милевски за септемврискиот циклус, постигна два гола во победата на Трнава на гости кај Белуша од 3:0.

Ристовски стрелаше во 53. и 81.минута, значи Македонецот го отвори резултатот и на крајот го затвори и мечот за конечни 3:0.

Ова е убава вест за селекторот Благоја Милевски, пред квалификациските дуели со Ерменија, Исланд и Романија.

ПретходноБразил со публика ќе ја пречека Аргентина!
СледноАдли е седмото засилување на Баер Леверкузен и замената за Бејли