Милевски со Јаховиќ ќе ги напаѓа Ерменија, Исланд и Романија

728

Адис Јаховиќ и официјално се враќа во Макеедонската фудбалска репрезентација. Нашаѓачот се најде на списокот на новиот селектор Благоја Милевски за претстојните мечеви со Ерменија, Исланд и Романија, заедно со уште еден повратник Никола Ѓоргев. Ако на ова се додадат и дебитантот Бојан Миовски како и Стефан Ашковски, тогаш можеме да констатираме дека репрезентацијата добива една нова физиономија.

Повеќе го нема Горан Пандев но тука се да речеме новите сили од типот на Дарко Чурлинов, Милан Ристовски, а во нападот се уште и стандардниот досега Александар Трајковски.

Аријан Адеми и Бобан Николов исто така се најдоа на списокот на селекторот Милевски но и обајцата најверојатно нема да може да настапат. Адеми е повреден, додека Николов е позитивен на Ковид 19.

ПретходноФати конечни тренира со екипата
СледноМилевски: Јаховиќ ќе ни биде од голема корист, Адеми го чекаме за октомври, а младите да ги надополнат откажувањата на постарата генерација