Екипата на Пелистер ќе задржи уште еден играч од минатата сезона. Раководството на битолчани ќе потпишат нов договор со српскиот интернационалец Никола Малешевиќ, кој е четвртиот странец по Кесар, Чиз и Хотон.
Тој беше еден од најдобрите поединци во редовите на Пелистер, имаше просек од 17,6 поени и 6,1 скока на 28 одиграни мечеви.
Битолчани градат тим кој ќе биде респектабилен не само за освојување на титулите во домашниот шампионат, туку и за АБА 2-лига.