Шесткратната победничка на УС Опен Серена Вилијамс се откажа од настапите на „Флашинг медоус“ поради повреда на бутниот мускул. Американката не успеа да се рехабилитира и чувствува дека не е спремна да одигра во жесток ритам каков што се бара на Грен слем турнирот во Њујорк.
„Докторите ме посоветуваа да се откажам од УС опен и да му дозволам на телото да залечи комплетно. Њујорк ми е еден од најубавите градови во светот и мои омилени места за тенис. Во благодарам на разбирањето и целта ми е да заздрави ногата за да можам да играм“, изјави Серена.
Вилијамс последен пат го пропушти УС Опен во 2017 година кога беше бремена.
По Серена на УС Опен ќе ги нема ни Роџер Федерер ни Рафаел Надал поради повреди. Тоа ќе биде првпат по 2017 година на УС Опен да ги нема тројцата супер тениски асови.