По пауза од 4 години, прилепчани едвај дочекаа да ја бодрат својата Победа на својот стадион „Гоце Делчев“. Денеска на стартот на новата сезона во Втората лига – Исток, на дуелот со Кит-Го трибините беа одлично пополнети, а прилепчани знаеја да го бодрат својот тим до триумф.
Победа на крајот славеше со 2:1 и со три бода тргна во походот на едно од местата кои водат до промоција во елитата.