ПСЖ ја одби првата понуда на Реал за Мбапе

222

Медиумите во Италија, Франција Шпанија веруваат дека доколку ПСЖ го продаде Килијан Мбапе ќе отвори простор за Кристијано Роналдо од Јувентус.

Истовремено, италијанските новинари тврдат дека Португалецот попрво би отишол во Манчестер Сити, неговиот план е да го напушти Торино на 31. август.

Што се однесува до Мбапе, Реал Мадрид синоќа и официјално испрати понуда за него. Според „TalkSport“ истата изнесува 186 милиони евра, додека „АС и Марка“ тврдат дека понудат е 160 милиони евра.

Новинарите блиску до ПСЖ тврдат дека првиот човек на овој клуб, Насер Ал Келфаи ја одбил понудата на Реал.

Се чини дека следат шест пеколни дена на „пазарот“, Реал никогаш не бил поблиску до Мбапе.

 

ПретходноПроблем за Милевски: Николов е позитивен на Ковид-19!
СледноСитуацијата со Кристијано Роналдо е комплицирана