Раиола постави нестварни услови за потпис на Халанд

196

Ерлинг Халанд ова лето ќе остане во Борусија Дортмунд, но се претпоставува дека веќе следната година ќе направи трансфер.

Клубот кој ќе го сака ќе мора на сметката на бундес-лигашот да уплати 75 милиони евра, а покрај ова го чекаат нестварни трошоци за фудбалерот и за неговиот менаџер, Мино Раиола.

Според „Билд“, агентот на норвешкиот репрезентативец за својот клиент бара 50 милиони евра по сезона. Ретки се тимовите кои ќе можат да ја платат истата, но тука не е крајот.

Раиола бара за себе 40 милиони евра, оваа сума на пари ја сака како посердник во трансферот, па клубот кој ќе сака да го ангажира Халанд ќе мора да одвои 165 милиони евра.

Оваа бројка може да биде и поголема, истата зависи од должината на договорот, кој сигурно нема да биде под пет години.

ПретходноТомовски: Одиме на победа на двата меча и заверка на Ф4 во Задар
СледноФати конечни тренира со екипата