За првпат од постоењето на СЕХА-лига на една фајнл-фор завршница нема да се најде или Вардар 1961 или ППД Загреб. Овие два тима редовно се учесници на сите Ф4 турнири.
Силите речиси се изедначени, Вардар 1961 влегува со променет состав, а ППД Загреб ќе биде предводен од Иван Чупиќ, некогашниот лидер на македонскиот првак.
Во таборот на „црвено-црните“ се свесни дека ги чека тешка задача, но ако се прашува Мартин Томовски, тој верува дека Вардар ќе оди во Задар, домаќинот на Ф4.
„Загреб е солидна екипа што долги години игра во СЕХА лигата. Оваа сезона се засилени, особено во одбраната, која им е главно оружје со двајца доста искусни играчи од Бундес лигата. Не треба да не интересира тоа, имавме доволно време да се подготвиме, имаме видео анализи, ќе ги согледаме сите нивни слабости. Нема дилеми, одиме на победа на двата меча и пласман на Ф4 во Задар“, вели Томовски.
Мечот се игра утре со почето во 20:15 часот, на трибините ќе има 1.800 гледачи.