ФИФА побара од клубовите да ги пуштат играчите за квалификациите за СП!

120

Познато е дека на почетокот на следниот месец ќе продолжат квалификациите за СП во Катар 2022 година. Клубовите од елитните лиги сметаат дека поради коронавирусот ме би требало играчите да патуваат во своите земји. Има податок дека од Премиер – лигата дури 60 фудбалери не ќе можат да играат за своите репрезентации. И тоа поради фактот дека тие земји се на “црвената листа“. Имено при нивното враќање ќе мора да заминат во карантин. Тука е е Ла Лига, со најмалку 35 фудбалери.

По тие најави денеска се огласи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино…

Повикувам на солидарност на секој Сојуз кој е член на ФИФА, секоја лига и секој клуб да сторат што е добро за фудбалот на глобален план. Многумина од најдобрите светски фудбалери играат во Англија и Шпанија и веруваме дека тие земји ја делат одговорноста да го сочуваат интегритетот во спортот“ посочи Инфантино.

ПретходноВМФЛ – ИСТОК: Победа и Беласица победнички, Каменица Саса го “торпедираше“ Осогово
СледноБразил со публика ќе ја пречека Аргентина!