Македонските интернационалци од Австралија Стефан Чолаковски и Метју Божиновски пристигнаа во Скопје, добредојде им посака секретарот на репрезентацијата до 21 година, Никола Зердески.
Двацата фудбалери кои се најдоа на списокот на селекторот, Драган Канатларовски за претстојните квалификациски дуели против Франција и Србија. Истите се играат на 2. односно 7 септември и се клучни за оваа кампања.
Стефан Чолаковски настапува за Мелбурн Сити е голема надеж на овој клуб, а сега веќе и на нашиот репрезентативен фудбал. Македонија подолго време се обидуваше да го привлече во своите редови, и тој конечно ќе се приклучи на У21 таборот. Божиновски по втор пат е дел од У21 составот, откако одигра одлични минути на тренинг кампот одржан на стартот на летово.