Атлетико Мадрид денеска го потврди трансферот на Матеус Куња од Херта вреден 30 милиони евра. Со оваа сума тренерот Диего Симеоне стана шестиот тренер во светот кој „потрошил“ една милијарда евра за трансфери на играчи.
Претходно тоа го направиле Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти, Мануел Пелегрини и Масимилијано Алегри.
Симеоне е тренер на Атлетико од 2011 година, а пред тоа работеше во аргентинските Расинг, Сан Лоренцо, Ривер Плата, Естудијантес и кратко во италијанската Катанија.
Откако е Симеоне на клупата, Атлетико донел преку 60 различни фудбалери некои се враќале во „старото јато“ за одредена сума.