Бразил со публика ќе ја пречека Аргентина!

136

Иако во цела Јужна Америка се игра без публика поради Ковид-19, сепак со одлука на Бразилската фудбалска Конфедерација решено е на претстојниот меч на 5 септември меѓу Бразил и Аргентина да има гледачи. Стадионот “Нео Кимика“ во Сао Паоло ќе може да прими само12.000 гледачи, но сепак и оваа бројка е добра ако се знае дека ова дерби во Латинска Америка можеше да се игра и без публика.

Ова е меч во квалификациите за СП во Катар 2022 година, последниот меѓу овие две селекции се одигра пред два месеци, и тогаш Аргентина победи со 1:0. Тоа беше во финалето на Копа Америка.

ПретходноФИФА побара од клубовите да ги пуштат играчите за квалификациите за СП!
СледноМилан Ристовски одново “бомбардира“ за Спартак Трнава!