ВМФЛ – ИСТОК: Победа и Беласица победнички, Каменица Саса го “торпедираше“ Осогово

581

Без ниту едно реми на сите пет мечеви во 1.коло во ВМФЛ – ИСТОК. Но, дури три победи на гостите.

Сепак фаворитите, Победа и Беласица според планот. Прилепчани на својот стадион “Гоце Делчев“ го победија Кит Го со 2:1, иако губеа со 0:1. Беласица немаше речиси никакви проблеми кај Детонит на гости и победи со 2:0.

Словга Виница со тренерот Никола Кузманов го победи Братство со 1:0 и тоа со голот на Бериша. Додека Кожув со 2:0 славеше кај ТИМ Локомотива. И во последниот меч, Каменица Саса како гостин просто го “растури“ Осогово победувајќи го со 4:1.

РЕЗУЛТАТИ – 1.КОЛО

СЛОГА (В) – БРАТСТВО 1:0

ОСОГОВО – КАМЕНИЦА САСА 1:4

ТИМ ЛОКОМОТИВА – КОЖУФ 0:2

ПОБЕДА – КИТ ГО 2:1

ДЕТОНИТ – БЕЛАСИЦА 0:2

ПретходноВМФЛ – ЗАПАД: Силен старт на Воска и Силекс, Вардар само до бод во Дебар…
СледноФИФА побара од клубовите да ги пуштат играчите за квалификациите за СП!