Јани Атанасов, играчот за врска на Хајдук, дополнително е повикан од страна на селекторот Благоја Милевски за претстојниот септемвриски квалификациски циклус. Со оглед на тоа дека Милевски не ќе може да смета на Бобан Николов и Аријан Адеми, секако дека ова е логичен потег од негова страна. Инаку во минатото Атанасов беше еден од најдобрите фудбалери во нашата млада репрезентација.