Кевин Дурент почна бизнис со марихуана

312

Кевин Дурент по примерот на многу ѕвезди во Америка почна свој бизнис, ќе продава марихуана која во оваа земја е во голем раст.

Кошаркарот на Бруклин објави видео во кое зборува за марихуаната и нејзината употреба во спортот, потенцирајќи дека долго време сакал да влезе во оваа приказна.

“Меѓу моите колеги и во општеството, исчезна стигмата што постоеше за марихуаната. Како да беше отстранет фластерот. Во спортот, тоа беше нешто тајно што играчите го консумираа”, истакна кошаркарот на Бруклин Нетс.

Челниците на НБА-лига на крајот на минатата година им дозволија на кошаркарите да консумираат марихуана, што е голем преседан во светот на спортот.

ПретходноИван Минчев си замина од Брегалница
СледноРоналдо се повреди на тренинг (ВИДЕО)