ЛШ ПЛЕЈ ОФ: Динамо Загреб сонува за реприза од август 2012 година

183

Хрватскиот шампион Динамо Загреб доживеа дебакл на гостувањето кај Шериф и е во опасност да остане без учество во групната фаза на ЛШ. Молдавците победија со 3:0 и со фантастична предност патуваат на „Максимир“. На првиот меч стрелаа Траоре (два гола0 и Коловос.

Вечерва на Динамо ќе му треба напад, голови, среќа и реприза на август 2012 година кога во квалификациски меч за ЛШ го совлада Шериф со 4:0. Тогаш стрелаа Вида, Бечирај, Чоп и Ибањез.

Адеми се враќа во составот но не знаеме колку може да помогне, Ристовски е фит и веројатно ќе игра. „Модрите“ ќе мора да притиснат како што знаат и умеат и да ја тресат мрежата на противникот. За Шериф нема да може да игра Бобан Николов, македонскиот интернационалец кој пред неколку денови дојде во составот од Тираспол.

А доколку Шериф пројде ќе биде првиот молдавски тим кој ќе игра во групите на Лигата на шампионите. Освен тоа Молдавија ќе биде 34. земја која учествува во групите на ЛШ, последен „новак“ во елитата беше Азербејџан претставен од Карабах во сезоната 2017/18.

Да потсетиме дека не важи правило гол во гости, а тој што ќе испадне ќе оди во Лигата на Европа. Шериф четири пати играше во групите на Лига Европа и тој е единствениот молдавски клуб со таков подвиг. Ако успее вечерва дефинитивно ќе биде недостижен за сите други ривали од оваа земја.

Инаку Динамо и Шериф седум пати играле меѓу себе во Европа. Сите дуели им се во квалификациите. Динамо има четири победи, Шериф има една победа, а двата меча од 2010 завршија со 1:1, а тогаш во пенал рулетот поминаа Молдавците со 6:5.

ВЕЧЕРВА ВО ПЛЕЈ-ОФОТ НА ЛШ ИГРААТ

БРОНДБИ – САЛЦБУРГ 21:00 ч.
Прв меч: 1:2

ДИНАМО З. – ШЕРИФ   21:00 ч.
Прв меч: 0:3

ШАХТЈОР Д. – МОНАКО               21:00 ч.
Прв меч: 1:0

 

ПретходноСтоле е на чело на листата по бројот на одбрани во Ла Лига
СледноВилшир никој не го сака, размислува да ја заврши кариерата