ЛШ: Трета среќа за Шериф Т., Салцбург седма година по ред во групите (ВИДЕО)

249

Фудбалерите на Шериф Тираспол, новиот клуб на нашиот репрезентативец Бобан Николов, испишаа клупска историја, откако во третиот обид успеаја да го минат плеј-офот во Лигата на шампионите и за првпат да се најдат во групната фаза од најсилното европско клупско натпреварување.

Молдавците останаа непоразени вечерва во Загреб (0:0) на реванш дуелот со Динамо, па поради убедливите 3:0 на првиот меч се промовираа во еден од последните три патници на утрешната ждрепка за групите во новата сезона на УЕФА ЛШ. Откако во 2009 и 2010 година двапати стигнуваа до плеј-офот и двапати беа сопрени од Олимпијакос и Базел, сега моќниот молдавски тим кој е вистинска „Легија на странци“ успеа да го запише најславниот ден во своето клупско постоење.

Салцбург, пак, го повтори одличниот резултат од првиот меч со Брондби, па славеше и вечерва во Данска со 2:1. За само 10 минути на стартот од мечот, австрискиот гигант постигна два гола и го најави севкупниот успех.

Брондби до крајот постигна гол за конечни 1:2 и се прости од идејата за место во групната фаза, каде Салцбург ќе игра седма сезона едноподруго.

Во последниот дуел, Монако успеа да слави над Шахтјор во Харков со 2:1 и по поразот од 1:0 на домашен терен да се избори за продолженија.

ПретходноИ Саутемптон испиша историја: Најубедлива гостинска победа во 135 годишното постоење
СледноАрсенал се „повампири“: Шест гола против ВБА, нешто што не се случило од 2017-тата