По Премиер лигата и Ла Лига, сега и Серија А нема да ги пушта играчите на репрезентативни настапи

330

По Премиер лигата и Ла Лига, сега и италијанската Серија А исто така објави дека ќе го поддржи секој клуб кој нема да ги пушти своите играчи за меѓународните репрезентативни натпревари во септември, поради ограничувањата кои земјите ги имаат поради пандемијата.

Клубовите се соочени да ги загубат своите играчи и до 10 дена по нивното враќање, затоа што според правилата во земјите, доколку им биде дозволено да патуваат во „црвените“ зони за нивните меѓународни натпревари, дури и ако се вакцинирани, сепак ќе мора да се изолираат 10 дена по враќањето од некои земји, вклучително и цела Јужна Америка.

Премиер лигата беше првата што зазеде став и објави дека ќе ги поддржи клубовите кои одбиваат да ги ослободат своите играчи. Вчера следуваше Ла Лига, а сега и Серија А која зазеде сличен став.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во изјава претходно, инсистира на тоа дека „ослободувањето на играчи за претстојните меѓународни прозорци е прашање од голема итност и важност“. Инфантино ја повика британската влада да обезбеди ослободување за професионалните фудбалери од карантинските ограничувања, но тоа беше одбиено.

ПретходноРоналдо го напушти тренингот на Јуве, ја повреди раката (ВИДЕО)
СледноИ Пике ќе се богати од играњето на Меси за ПСЖ!