Португалската ѕвезда во екипата на Јувентус, Кристијано Роналдо го напушти тренингот на тимот денеска, откако се здоби со повреда на десната рака по еден дуел со Бразилецот Алекс Сандро.
Се уште не е позната сериозноста на повредата, но медицинскиот тим на Јувентус сигурно ќе даде проценка пред саботниот натпревар со Емполи. Оваа повреда на португалскиот ас дојде во услови на шпекулации за негово можно заминување од Јувентус.
Кристијано Роналдо беше неочекувано резерва во неделата кога „Старата дама“ беше гостин кај Удинезе (2:2) во првото коло од Серија А.
Ronaldo left Juventus training early due to his arm injury.
📹[@goal]pic.twitter.com/UntL0IWSXk
— VBET News (@VBETnews) August 25, 2021