Фиорентина го донесе Лукас Тореира, наскоро ќе го комплетира и Одриозола

321

Фиорентина вечерва и официјално го објави трансферот на играчот од средниот ред на Арсенал, Лукас Тореира.

25-годишниот Уругваец му се приклучува на италијанскиот тим на позајмица со опција за откуп. Според на новинар Фабрицио Романо, изнајмување ќе ја чини Фиорентина 1,5 милиони евра, а Тореира може да стане комплетно фудбалер на „виолетовите“ следното лето за сума од 15 милиони евра.

Интересно е што Фиорентина е на пат да добие уште едно големо засилување. Имено, покрај Тореира, тимот од Фиренца е на пат да ја затвори и позајмицата на дефанзивецот Одриозола. Според Романо, мадридскиот клуб ја прифатил понудата на Фиорентина да го изнајми Шпанецот на една година и ги договорил условите за трансфер.

Сега клубовите чекаат да видат дали самиот фудбалер ќе го одобри преминот во Италија.

ПретходноИ Пике ќе се богати од играњето на Меси за ПСЖ!
СледноБаерн со втора најубедлива победа во клупската историја обезбеди место во 2. коло од Купот (ВИДЕО)