Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ, утрово беше претставен како нов играч на Валенсија Баскет во следните четири сезони. Според информацијата која ја потврдија од шпанскиот клуб, Димитријевиќ потпиша договор до 30 јуни 2025 година.
Нено штотуку заврши добра сезона со Хувентуд, па сега е пред нов предизвик во Валенсија.
„Сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата што ми ја дадоа со четиригодишен договор. Тоа е многу посебен момент, многу убав и само сакам да вратам за таа доверба. Ќе се обидам да пораснам и да му помогнам на Клубот да расте уште повеќе, тој е голем Клуб и сакам да растам во него“, изјави Димитријевиќ на промоцијата.