Валенсија направи трансфер после 723 дена

299

Чудно, но вистинито. Екипата на Валенсија го направи првиот трансфер после пауза од 723 дена. Најново засилување на овој тим е бразилскиот фудбалер, Маркос Андре.

Тој доаѓа од тимот на Ваљадолид за сума од 8,5 милиони евра. 24-годишниот фудбалер и челниците на клубот се договорија на петгодишна соработка.

Поради бројните финансиски проблеми Валенсија не можеше да носи нови фудбалери, па после две години првите луѓе на клубот успеаја да купат играч.

ПретходноКит-Го остана без тренер, Емил Грнев си поднесе оставка
СледноУЕФА И СПОРТМЕДИА: Жоржињо, Канте или Де Брујн!?