Репрезентацијата на Ерменија која е прв противник на Македонија во септемвриското продолжение на квалификациите за СП 2022, денеска започна да тренира на тренинг центарот на Ерменската федерација. Според информациите, на првата тренинг сесија под водство на селекторот Капарош се појавиле 12 играчи.
Дел од репрезентативците од ерменското првенство се уште имаат клупски обврски, па според најавите на селекцијата ќе и се приклучат од сабота. Ерменците во Скопје ќе допатуваат со чартер лет в понеделник наутро.
🇦🇲Armenian national team started trainings ahead of @FIFAWorldCup qualifying round matches against @ffmmkd🇲🇰 @DFB_Team_EN 🇩🇪 and Liechtenstein 🇱🇮#Armenia #ArmenianNT #Հայաստան #WCQ #EuropeanQualifiers #WC2022#MKDARM #GERARM#ARMLIE pic.twitter.com/RYXuT5njBE
— Official Armenian FF (@OfficialArmFF) August 26, 2021