Селекторот на исландската фудбалска репрезентација, Арнар Видарсон, го објави списокот на повикани фудбалери за септемвриските квалификации за СП 2022 во кои на 5 септемрви ќе се сретнат и со нашата фудбалска селекција.
Гилфи Сигурдсон не е вклучен во оваа селекција, откако тој се уште е под истрага, откако беше уапсен во јули под сомнение за сексуални дела против малолетник. Алфреј Финбогасон има повреда на лигамент на глуждот и тој нема да им помогне на Исланѓаните против Македонија, а поради повреди е ги нема и дефанзивците Хурјур Бјоргвин Магнасон и Сверир Инги Ингасон.
Капитенот на националниот тим Арон Еинар Гунарсон е позитивен на „Ковид-19“ и не е селекцијата.
Дуелот со Исланѓаните ќе го одиграме на стадионот во Рејкјавик.
Голмани:
Ханес Тор Халдорсон – Валур
Патрик Гунарсон – Брентфорд
Рунар Рунарсон – Арсенал
Одбрана:
Бринјар Бјарнасон – Лече
Јон Фјолусон – Хамарби
Хјортур Хермансон – Пиза
Кари Ернасон – Вакингур Р.
Ари Скаласон – ИФК Норчепинг
Гудмундур Пораринсон – Њујорк Сити
Бирвик Саварсон – Валур
Алфонс Сампстед – Бодо/Глимт
Среден ред:
Андри Балдурсон – Копенхаген
Торир Хелгасон – Лече
Исак Јоханесон – ИФК Норчепинг
Биркир Бјарнасон – Адана Демирспор
Арнор Сигурсон – Венеција
Ранар Сигурјонсон – ЦФР Клуж
Гулаугур Палсон – Шалке
Алберт Гумундсон – АЗ Алкмар
Дагур Орштајнсон – Архус
Јохан Гумундсон – Барнли
Микаел Андерсон – ФК Митјиланд
Микаел Елертсон – Спал
Напаѓачи:
Колбајн Сигарсон – ИФК Гетеборг
Андри Гујохенс – Реал Мадрид