Одбојкарската репрезентација нa Maкедонија се подготвува за настапот на Европското првенство (ЕП) кое се игра во септември, а најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓорѓиев ќе игра со специјално дизајнирани патики за настанот.
Капитенот на одбојкарската репрезентација доби специјално дизајнирани патики на кои стои македонското знаме, а на нив воедно ги има и имињата на неговите две ќерки, Марија и Викторија, кои ќе му бидат мотивација.
Да потсетиме дека Македонија на ЕП е во групата со Финска, Холандија, Турција, Шпанија и Русија.