Во седиштето на Лигата на Балканот во Софија, денеска беше извршенa ждрепката за двете натпреварувачки групи во сезоната 2021/2022 во која Македонија ќе има три свои претставници во екипите на Куманово 2009, ТФТ и за прв пат во кратката историја на постоењето, Академија ФМП.
Согласно со системот за натпреварување, во новата сезона ќе се натпреваруваат десет екипи, поделени во две групи по пет. Со оглед на тоа дека имаме три претставници, за очекување беше дека во една од групите, во овој случај, групата „А“, ќе следиме „македонско дерби“.
За пласман во втората, елиминациска фаза ќе играат Куманово 2009 и ФМП Академија. Покрај во првиот круг ќе играат Хапоел Галил Гилбоа, Балкан од Ботевград и косовскиот Пеќ.
Екипата на ТФТ е во групата „Б“ во која ќе се натпреваруваат уште и екипите на Ирони Нахарија, Академик од Пловдив, Берое – Стара Загора и Сигал Приштина.
Менаџментот на БИБЛ лигата остави простор во групите да има уште по една екипа од некои од заинтересираните федерации како Романија и Црна Гора.
СОСТАВИ НА ГРУПИТЕ ВО БИБЛ ЛИГАТА
ГРУПА А: Хапоел Галил Гилбоа, Балкан, Куманово 2009, ФМП Академија, Пеќ
ГРУПА Б: Ирони Нахарија, Академик Пловдив, ТФТ, Берое, Сигал Приштина